Бразил е победник во одбојкарската Лига на нации

Репрезентацијата на Бразил стигна до првата титула во одбојкарската Лига на нации, откако денеска во финалниот меч славеше над Полска со 3-1, по сетови (22-25, 25-23, 25-16 и 25-14). Полјаците подобро го отворија мечот и со одлична игра успеаја да го добијат првиот сет со 25-22.

Сепак, најдобриот тим од регуларниот дел на Лигата на нации успеа да се сконцентрира и да ги добие следните три сета со кои стигна до првата титулата во третото издание на ова натпреварување. Во 2018 и 2019 година на златото се радуваше Русија, додека минатата година Лигата на нации беше откажана поради пандемијата од коронавирусот.

Претходно во мечот за третото место Франција ја совлада Словенија со 3-0 (25-20, 25-18 и 25-19).

Се вчитува...