Бразил е во осминафинале: „Кариоките“ одиграа и за Србија со победа над Швајцарија (ВИДЕО)

Бразил и официјално, по Франција, е втората селекција која си обезбедува осминафинале веќе по вториот натпревар на Мундијалот во Катар.

„Кариоките“ дојдоа и до втор триумф во вториот меч, овој пат славејќи со 1-0 против Швајцарија благодарение на голот на Касемиро во 83. минута од средбата.

Претходно, Бразилците можеа да поведат уште во 64. минута откако постигнаа погодок преку Винисиус. Но, радоста на „кариоките“ кратко траеше, затоа што голот беше поништен по реакција од ВАР-собата.

Со оваа победа, Бразил ја остави и Србија во игра за осминафиналето. Се чини дека токму пресметката меѓу Србија и Швајцарија во петок (2. декември) ќе одлучува околу вториот патник во осминафиналето од оваа група.

Се вчитува...