Бразил и Аргентина ќе играат пријателска во Мелбурн

Фудбалските репрезентации на Бразил и на Аргентина ќе одиграат пријателски натпревар на 11. јуни во Мелбурн, соопшти денеска министерот за спорт во Владата на сојузната држава Викторија.

Тој меч ќе биде одигран пет месеци пред Мундијалот во Катар, закажан за ноември и декември оваа година.

„Ни е кажано дека за нив ова е важен натпревар пред Светското првенство, и се очекува двете селекции да ги испратат најдобрите играчи“, рече министерот за спорт Мартин Пакула.

Двете селекции веќе се сретнаа во Мелбурн во 2017 година, кога Аргентина ја совлада Бразил со 1-0.

Се вчитува...