Бразил: Маскотата на Атлетико Минеиро казнета за закани и обид за пресметка со ривалите (ВИДЕО)

Јужноамериканците се добро познати по жарот за фудбалот, но таму често тој оди и чекор подалеку. Така беше и на дербито помеѓу Атлетико Минеиро и Крузеиро каде при прослава на гол на гостите, маскотата на домаќинте се обиде физички да се пресмета со фудбалерите кои славеа гол.

Виновни беа и гостите кои се обидоа да прослават гол пред најверните навивачи на Атлетико Минеиро, но на крајот маскотата беше тој кој доби суспензија од еден натпревар, а ќе мора да оди и на советување со оглед на тоа што лигата му препорача и педагошко советување за вакви ситуации да не се повторат во иднина…

Се вчитува...