Бразил си играше со „нервите“ на фановите, но на крај се „чекираше“ за Токио

Ракометната репрезентација на Бразил обезбеди пласман на Летните олимписки игри, откако во последното коло од квалификацискиот турнир славеше над Чиле со 26-24. Сепак, не беше се така лесно за „кариоките“ бидејќи по првиот дел имаа негатива од шест гола 11-17.

Сепак, во вториот дел успеаја да ги консолидираат своите редови и на крајот да ја оправдаат фаворитската улога која ја имаа пред мечот. Жоао Силва со четири гола беше најефикасен во победничкиот табор, додека поранешниот „вардарец“ Рожерио Мораеш заврши со два гола.

Бразил може да остане без виза за Токио само доколку Јужна Кореја успеа да ја изненади Норвешка, која буквално е класа за себе во оваа квалификациска група.

Се вчитува...