Бразилецот Вилтон Сампајо е назначен од ФИФА да го суди првиот натпревар на Светското првенство во четврток помеѓу Мексико и Јужна Африка. Колумбиецот Николас Гало ќе биде судија на ВАР системот.
ФИФА ги назначи и судиите за следните три натпревари: натпреварот Јужна Кореја – Чешка ќе го суди Египќанецот Амин Мохамед, а неговиот сонародник Махмуд Ашур ќе биде ВАР; натпреварот Канада – Босна и Херцеговина ќе го суди Аргентинецот Факундо Тељо, а неговиот сонародник Ернан Мастранџело ќе биде ВАР; а натпреварот САД – Парагвај ќе го суди Холанѓанецот Дени Макели, а Шпанецот Карлос дел Серо Гранде ќе биде ВАР.
44-годишниот Сампајо беше дел и од минатите две светски првенства во Русија 2018 година, и во Катар четири години подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
