Бразилецот Да Силва Инасио ќе биде првото засилување за Шкупи во зимскиот преоден рок

Фудбалерот од средниот ред на Монте Азул, Бразилецот Куевен Да Силва Инасио се очекува да биде првото засилување за Шкупи во зимскиот преоден рок.

23-годишниот Да Силва Инасио треба да пристигне на позајмица во редовите на Шкупи, со оглед на тоа што до крајот на новата година е под договор со Монте Азул.

Инасио, кој е креатор на играта, претходно во 2019 година веќе има настапи на европскиот континент во редовите на грчката Керкира.

Се вчитува...