Бразилецот Фернандо Аугусто е прво засилување за „лавовите“, Силекс заинтересиран за Стјепановиќ

Поранешниот фудбалер на битолски Пелистер, Бразилецот Фернандо Аугусто е првото летно засилување за Македонија ЃП пред настапите во квалификациите од Лигата на Европа.

25-годишниот Аугусто, кој игра на позицијата лев бек, за Пелистер настапуваше во 2017 година а последни негови клубови се бразилските Рио Прето и Мото клуб.

Од друга страна, „лавовите“ ги напушти офанзивецот Христијан Кировски а искусниот фудбалер од средниот ред, Остоја Стјепановиќ е пред можно продолжување на кариерата во кратовски Силекс кој е заинтересиран за неговите услуги.

Се вчитува...