Бразилецот Силва потпиша едногодишен договор со Ренова

Бразилецот Фернандо Силва од денеска и официјално е нов фудбалер на Ренова.

Поранешниот фудбалер на Пелистер денеска официјално потпиша договор со „гипсарите“ на една година, веднаш приклучувајќи се и на тренинзите на тимот на Влатко Костов.

26-годишниот Фернандо е трето засилување за Ренова во досегашниот дел од преодниот рок, по Дејан Цветаноски и Дарко Стојанов.

Бразилецот во својата кариера има настапи за португалскиот Депортиво Авеш, како и за бугарските Монтана и Славија Софија. Во дресот на Пелистер одигра 30 натпревари постигнувајќи и четири погодоци.

Ренова централните подготовки ќе ги реализира во Охрид од 23. јануари кога се планирани и неколку пријателски натпревари.

Се вчитува...