Есенскиот шампион Шкупи ангажираше уште еден странец во своите редови, потпишувајќи договор со Бразилецот Куевен Да Силва Инацио.
23-годишниот Куевен е фудбалер од средниот ред, а доаѓа од тимот на Монте Азул. Претходно на европскиот континент Куевен настапувал и за Керкира од Грција.
Куевен е второто засилување во овој преоден рок за Шкупи, по Ганецот Патрик Менсах.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА