Бразилецот Петруш ќе го менува Жалуз во Барса

Барселона го продолжува ремонтот во својот ракометен колектив по неуспешната сезона во која не беше обезбедено учество на фајналфор турнирот од Лигата на шампионите. Нов член на каталонскиот гигант е Тијаго Петруш, бразилскиот лев бек кој пристигнува од редовите на Пик Сегед. Тој денеска потпиша договор на три сезони, што претставува негово враќање во АСОБАЛ-лигата каде претходно го носеше дресот на Ла Риоха.

Се очекува Петруш да го заземе местото во тимот на Ваел Жалуз, кој според најавите од Барселона ќе биде испратен на позајмица во друг клуб откако ланската сезона имаше проблеми со повреди и недоволна физичка подготвеност.

Барселона во новата сезона ќе биде засилена и со Кевин Мелер од Фелнсбург, како и со Данецот Мортенсен од Хановер и со францускиот пивот Лудовик Фабрегас од Монпелје. Тимот го напуштија Борко Ристовски, Виран Морос и Валеро Ривера.

Се вчитува...