Бразилецот Реис Жуниор заминува од Вардар и се сели во Партизан

Левиот бек на Вардар, Жуниор Реис Родригез заминува од редовите на најтрофејниот македонски клуб и се сели во белградски Партизан.

Како што пренесуваат српските медиуми, Реис Жуниор веќе се договорил со „црно-белите“ за преселба во Белград, откако претходно си доби раскин на договорот со Вардар поради неисплатени плати.

Реис Жуниор е само „прва ластовичка“ во најавите за заминувања од Вардар кој е доведен во повеќе од очајна ситуација со недобивањето на лиценца за Европа и забраната од ФИФА за трансфери во два преодни рока поради „случајот Максимов“. „Вардарци“ немаат добиено плата речиси девет месеци.

Вардар на крајот од сезонава остана и без Хуан Фелипе, Кларенс Битанг и Влијан Лира, а Реис Жуниор, кој во јануари пристигна од Македонија ЃП, е првиот кој пронаоѓа нов клуб. Заминување се најавува и за најталентираниот млад фудбалер во клубот, Али Адем.

Се вчитува...