Бразилецот Роналдо вели: Знам што му треба на Реал, да ослабам и да се вратам

На Реал Мадрид не му помогна ниту враќањето на Кристијано Роналдо во составот против Бетис, со оглед дека „кралевите“ беа шокирани на „Сантијаго Бернабеу“ и загубија со 0-1. Не им паѓа драго оваа криза на тимот на Зинедин Зидан на сите што порано го носеле „кралскиот клуб“, па така и Бразилецот Роналдо се понуди да помогне.

„Знам што му треба на Реал Мадрид во моментов, да ослабам и да се вратам на теренот. Му недостига вистински голгетер, тоа е очигледно. Но, верувам дека Зинедин Зидан ќе најде решение и дека повторно ќе бидат шампиони“, изјави Роналдо.

Реал Мадрид има седум бода негатива во однос на Барселона по само пет одиграни кола од новата сезона во Ла Лига.

Се вчитува...