Бразилците бесни: Сакаме ВАР и на пријателските натпревари

Претседателот на Фудбалската федерација на Бразил, Едналдо Родригеш ден по натпреварот помеѓу Бразил и Шпанија кој заврши со реми од 3-3 изјави дека од ФИФА ќе бара воведување на ВАР технологија и на пријателските натпревари.

Родригеш истакна дека не е задоволен од судењето на португалскиот судија Антонио Нобре кој на „Сантијаго Бернабеу“ досуди вкупно три пенали од кои два за Шпанија.

„Нашата федерација има ВАР од првата до четвртата лига, женските и младинските категории. Нашата федерација најмногу ја користи оваа технолигија на светот. Бараме од ФИФА истата да се користи и на пријателските натпревари. Фудбалот многу напредна во Европа и ваквите работи се недопустливи во таков важен натпревар“, изјави Родригеш.

Се вчитува...