Бразилците подобри од Саудиска Арабија

Фудбалската репрезентација на Бразил ја совлада Саудиска Арабија со 0-2 на пријателскиот натпревар што се одигра во Ријад. „Кариоките“ стрелаа по еднаш во завршницата на првиот и на вториот дел.

Габриел Хесус во 43.минута го отвори резултатот на асистенција на Нејмар. Во последните моменти од мечот, Алекс Сандро го постави конечниот епилог на оваа пријателска средба.

Се вчитува...