Бразилците попуштија и ставија обложувалници на дресовите

Во Бразил е усвоен Закон за легализација на спортското обложување и во иднина на обложувалниците ќе им биде дозволено да се рекламираат на дресовите на бразилските клубови.

На фудбалскиот пазар доминираат Betway  и Bet 365, посебно во Англија каде се рекламираат на дресовите од повеќе клубови.

Бразил реши да го следи овој пример и бразилското министерство за финансии во следните две години ќе се фокусира на регулацијата на актите поврзани со обложувалниците. Законот предвидува одреден процент од уплатите да се издвојува за образованието, за фудбалските клубови, за социјална сигуреност, и за Националниот фонд за јавна сигурност.

Легализацијата од една и рестрикцијата на рекламите на обложувалниците периодов се актуелна тема во спортските кругови. Додека САД го легализираа спортското рекламирање, Италија од 1 јануари 2019 година им забранува на клубовите да рекламираат обложувалници.

Се вчитува...