Брдариќ: Повторно разочаравме

Шкендија потклекнува во трката за шампионската титула, откако ремизираше против Ренова (1-1) на градското тетовско дерби. Тоа е веќе втор „кикс“ во низа за избраниците на Томас Брдариќ, со оглед дека претходно загубија и од Работнички во Скопје. Јасно е дека шефот на стручниот штаб и неговиот тим не го исполнија планот на раководството на клубот.

„Ова е големо разочарување за нас. Но, мора да се совземеме, да извлечеме поуки и да одиме напред. Беше јасно дека не очекува тежок меч со Ренова, тоа е градско дерби. Очекувањата се остварија, ние имавме свои шанси, но не ги искористивме. Сега треба да се фокусираме на следните натпревари и да подобриме многу аспекти во нашата игра“, изјави тренерот Томас Брдариќ по ремито со Ренова.

Се вчитува...