Бредли Бил со 50 поени, Стеф Кари застана на 49, Бруклин славеше во дербито на вечерта

Портланд стигна до нова победа во НБА лигата славејќи на свој паркет со 124-102 против Сан Антонио. Ова е трета едноподруго победа на Портланд кој чекори кон плејофот.

Демијан Лилард постигна 30 поени, со осум асистенции, додека МекКалум запиша 27 поени. На спротивната страна ДеМар ДеРозан постигна 20 поени.

Одличен натпревар беше одигран во Индијанаполис каде Пејсерс дури по продолжение загубија од Вашингтон со 132-133.

Бредли Бил постигна дури 50 поени, а ЛеВерт кај домашните заврши со 35 поени. Расел Вестбрук стигна до нов „трипл-дабл“ од 33 поени, 19 скока и 15 асистенции.

Стеф Кари постигна 49 поени во победата на Голден стејт против отпишаната Оклахома од 136-97.

Јута славеше против Хјустон со 124-116, а очекувано Филаделфија со 29 поени на Ембид го доби Детроит со 118-104.

Мечот на вечерта е одигран во Денвер каде Бруклин со 119-125 ги победија Нагетс. Дурант имаше 33 поени, 11 скока и седум асистенции, а Ирвинг заврши со 31 постигнат поен. Никола Јокиќ во поразениот тим имаше 29 поени, со седум скока и шест асистенции.

 

Се вчитува...