Брегалница е моќна во Штип: Убедлива победа против Кожуф

Во извонредна партија враќајќи се повторно на својот стадион во Штип, по реконструкцијата на теренот, Брегалница славеше убедливо со 3-0 против Кожуф во дерби пресметката од 9. коло во Втората лига – Исток.

Целокупната задача на дуелот „сините“ си ја завршија во првиот половина час од играта. Извонредна партија демонстрираше Иван Настевски кој уште во 7. минута го отвори резултатот за водство од 1-0.

Но, предноста не го смири темпото на Брегалница која продолжи со офанзивен ритам, па во 16. минута во листата на стрелците се запиша и Мартин Шишков за водство од 2-0.

Во 32. минута, по нова одлична акција стартувана од средниот ред, Иван Настевски го постигна својот втор погодок на мечот за конечни 3-0.

Во второто полувреме избраниците на Добринко Илиевски само рутински ја одржуваа предноста, тактички приведувајќи го натпреварот до крајот, без многу напор за конечно запечатени нови три бода.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (9. КОЛО)
Брегалница – Кожуф 3-0
Кит Го – Победа 2-1
Тиквеш – Беласица 1-2
Осогово – Каменица Саса 2-5
Питу Гули – Плачковица 0-1

Се вчитува...