Брегалница и Силекс со предност на полувремето, Работнички се „држи“ во Струга (ВИДЕО)

Брегалница и Силекс имаат предност на полувремето од натпреварите од 3. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Брегалница води на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци со 0-1, додека Силекс во самиот финиш поведе на домашен терен против Скопје.

Штипјани поведоа со евро-голот на Горан Силјановски во 25. минута.

Силекс, пак, во втората минута од судиското продолжение на првиот дел поведе против Скопје со 1-0, со голот на Обрадовиќ. Скопје повторно добива црвен картон во првиот дел, како и на натпреварот со Шкендија, овој пат исклучен е Мециновиќ.

Во Струга, домашните поведоа со голот на Мерџани во 12. минута, но Тодоровски во 25. минута успеа да израмни за Работнички.


ПРВА ЛИГА – 3. КОЛО (прво полувреме)

Кавадарци: ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА 0-1

Силјановски 25′

Кратово: СИЛЕКС – СКОПЈЕ 1-0

Обрадовиќ 45’+2

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА 0-0

Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 1-1
Мерџани 12′ – Тодоровски 25′

Слободен е ШКУПИ

Се вчитува...