Брегалница не реализира и пенали, Шкупи казнува од секоја шанса (ВИДЕО)

Голманот Кристијан Наумовски е најзаслужниот што Шкупи има убедлива предност од 4-0 против Брегалница во воведниот меч од 12. коло во ПМФЛ.

Наумовски спречи погодок за Брегалница уште во првото полувреме по три одлични шанси за гостите, а во 54. минута го одбрани и пеналот на Марјан Алтипармаковски за намалување на предност од 3-1.

Па, откако штипјани не користат шанси и од пенал, на спротивната страна во 59. минута Цветановски по грешка во одбраната на гостите зголеми на 4-0.

Се вчитува...