Брегалница означи старт на подготовките… Во Анталија договорени тестови со Кубан Краснодар, азербејџанска Зира, казахстански Аксу (ФОТО)

Фудбалерите на Брегалница го означија стартот на зимските подготовки за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.

Откако во текот на вчерашниот ден беа завршени медицинските тестови, денеска „сините“ го означија првиот собир со старт и на тренинзите од зимскиот подготвителен период.

Согласно планот и програмата на стручниот штаб, екипата до 15. јануари ќе работи во Штип а потоа од 16. јануари до 30. јануари ќе бидат реализирани централните подготовки во турскиот туристички центар Анталија, каде предвидено е одигрување и на пет пријателски натпревари.

Од петте предвидени пријателски натпревари во Анталија, веќе се договорени противниците за три тест дуели. Првиот контролен натпревар ќе биде против рускиот Кубан Краснодар на 17. јануари. Вториот веќе договорен тест е против азербејџанскиот прволигаш Зира на 24. јануари, а третиот против казахстанскиот Аксу на 27. јануари.

По враќањето во Штип, генералката пред стартот на пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига ќе биде ан 6. февруари во Штип против бугарскиот второлигаш Септември Симитли.

Стартот на подготовките Брегалница го означи со пет нови имиња во своите редови. По позајмицата назад во тимот се враќаат Љупче Кудев и Анџело Николовски, а од редовите на Кит Го се приклучија и Давид Бошевски, Кире Трпчевски и Зоран Андонов.

Се вчитува...