Брегалница подобра и од Плачковица, фаќа приклучок со водечките…

Брегалница ја запиша и втората едноподруго победа во Втората лига – Исток славејќи со 2-1 пред своите навивачи против Плачковица во 10. коло.

„Сините“ одлично го почнаа натпреварот па уште во 9. минута дојдоа до водство со голот на Иван Настевски. Притисокот кон голот на радовишани не запре и по водството па веќе во 17. минута Брегалница имаше предност и од 2-0 со погодокот на Пепи Георгиев.

Но, предноста од два гола кратко траеше за Брегалница откако Плачковица од пенал преку Андреј Кудијан во 23. минута стигна до 2-1. Сепак, тоа беше се што можеа да направат гостите.

Во второто полувреме „сините“ комплетно ја контролираа играта и резултатот, имаа можности и за поубедлива победа, но на крајот сепак остана на победата од 2-1.

РЕЗУЛТАТИ – 10. КОЛО
Брегалница – Плачковица 2-1
Кит Го – Беласица 2-0
Тиквеш – Кожуф 0-1
Питу Гули – Осогово 1-3
Каменица Саса – Победа 2-0

Се вчитува...