Брегалница подобра од Борец на хуманитарниот меч во Велес

Второлигашот Брегалница славеше на гостувањето против прволигашката екипа Борец со убедливи 2-4, во ревијалниот натпревар што се одигра попладнево во Велес. Стануваше збор за хуманитарен натпревар за помош на деца болни од церебрална парализа, на кој и двајцата тренери решија да настапат со комбинирани состави.

Многу подобро издание на теренот во Велес покажаа гостите од Штип, кои доминираа на теренот и на крајот заслужено стигнаа до победата. Стрелци за победничката екипа беа Мариоо Рунтев, Мартин Стојанов, Пепи Ѓоргиев и Филип Миленковски.

Се вчитува...