Брегалница се подготвува за саботно славје – Пехарот се сака како единствена екипа без пораз сезонава во трите лиги!

Брегалница во сабота по дербито со кавадаречки Тиквеш во Штип ќе го добие официјално трофејот за шампионската круна во Втората лига – Исток, со што ќе се означи враќањето во Првата лига. Штипјани се подготвуваат за славје во сабота, но претходно желбата е без пораз да се заврши сезоната, со што Брегалница доминантно би останале запишана како единствена екипа, меѓу 32, сезонава без пораз во трите најсилни домашни лиги.

Андреј Кудијан минува низ повеќе од квалитетна сезона во синиот дрес. Со десет гола и пет асистенции Кудијан е еден од предводниците на нападот на Брегалница, запишувајќи се во листата на стрелците и во последната победа од 2-1 против Кит Го. Сега во сабота, 15. мај, во Штип на домашен терен против Тиквеш останува уште официјалната славеничка заверка на пласманот во Првата лига.

„Одигравме интересен, квалитетен и тежок натпревар за двете екипи против Кит Го кој е одличен противник со навистина квалитетни играчи, за што потврда се нивните игри сезонава. Во првото полувреме не бевме на нашето ниво, но во вториот дел ги искористивме шансите и заслужено дојдовме до трите бода“ – вели Кудијан, притоа дополнувајќи:

„Среќен сум поради голот, затоа што и веќе петти едноподруго натпревар или постигнувам погодок или асистирам за гол кој носи бодови на нашата екипа. Но, најважно е што продолжуваме со позитивните резултати. Единствена екипа сме која нема пораз во трите наши лиги, и сигурно ќе дадеме 100% од нас така да остане и по последното коло“.

Натпреварот со Тиквеш се игра во сабота (15. мај) на Градскиот стадион во Штип, со почеток од 17 часот.

Се вчитува...