Брејди ќе потпише еднодневен договор со Њу Ингланд Петриотс

Најдобриот играч во историјата на НФЛ, Том Брејди и официјално потврди дека става крај на блескавата 22-годишна кариера. Брејди освои седум титули со што кариерата ја завршува со појше трофеи од било која франшиза, а шест од нив беа со Њу Ингланд Петриотс.

Токму со тимот во кој беше драфтуван како 199 пик ќе потпише еднодневен договор како би ја завршил кариерата како „патриот“.

„Утрово разговараше со Роберт Крафт и ќе отпатува во Масачусец на церемонија“, пренесуваат добро упатените новинари во случувањата во НФЛ лигата. 

 

 

Се вчитува...