Брејди: Роналдо и Леброн се „виновни“ за мојата одлука, рано е за пензионирање!

Иако пред само 40 дена објави дека се пензионира, 45-годишниот квотербек Том Брејди најави дека се враќа во НФЛ лигата. Брејди изминатиот викенд го помина во Англија, поточно во Манчестер, каде го следеше премиерлигашкиот натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Кристијано Роналдо беше брилијантен на тој меч, постигнувајќи хет-трик, па токму победничкиот менталитет на Португалецот му даде мотив и инспирација на Брејди дека може уште да придонесе во НФЛ лигата. Тие двајца се сретнаа по натпреварот и разговарале за оваа одлука да се врати на теренот.

Том Брејди испрати јасна порака до фановите на социјалните мрежи.

„Во последните два месеци сфатив дека моето место е сеуште на теренот, не на трибините. Ќе дојде време за тоа, но не сега. Ги сакам моите соиграчи и го сакам моето семејство кое ме поддржува. Тие прават се што можно. Се враќам за својата 23-та сезона во Тампа. Една од главните причини зошто решив да се вратам е откако го видов настапот на Роналдо против Тотенхем. Размислував како сè уште имам нешто во мене за да го пренесам на теренот. Време е за последниот последниот танц, имам незавршена работа. Том, исто така истакна дека Леброј Џејмс е неговата дополнителна мотивација, човек кој доминира без оглед на годините“, стои во соопштението на Брејди.

Том дури пет пати беше МВП на Супербол, три пати МВП на целата НФЛ. Тој беше двапати најдобар офанзивен играч во НФЛ, три пати избран во првиот Ол-про тим, три пати во вториот Ол-про тим. Брејди е сопственик на бројни рекорди кога е во прашање улогата на квотербек во американскиот фудбал.

 

 

 

 

 

Се вчитува...