Кошаркарите на Жалгирис ја остварија втората победа во Евролигата сезонава откако славеа на гостувањето кај Барселона со 81:88 и тоа благодарение на одличната последна четвртина.
По четири кола, и Жалгирис и Барселона имаат по две победи и порази.
Жалгирис подобро го започна натпреварот и одржуваше мала предност сè до средината на втората четвртина, кога Барселона направи серија од 9:0 и поведе со 31:25.
До крајот на првото полувреме, гостите успеаја да го израмнат резултатот, но не и да ја вратат предноста. Барса ја задржа предноста и ја зголеми на двоцифрена разлика до крајот на третата четвртина (65:55).
И кога изгледаше дека Барселона сигурно чекори кон триумф, така не мислеа гостите, последната четвртина ја започнаа со серија 2:11 и дојдоа на минимална негатива (69:68).
Со тројката на Улановас, Жалгирис поведе со 72:74 на средината од последната четвртина, принудувајќи го тренерот на Барселона, Александар Секулиќ, да побара тајм-аут.
На две и пол минути до крајот, Григонис погоди тројка и му донесе на Жалгирис предност од 76:80.
На Барселона ѝбеа потребни брзи поени, а Робинсон презеде одговорност во нападот и возврати со тројка. Сепак, во следниот напад, Карсен Едвардс погоди уште една тројка за гостите, враќајќи ја предноста од четири поени.
Домашниот тим не успеа да реализира во следниот напад, а таа грешка ја казни искусниот Улановас за водство од 79:85, предност која кошаркарите на Барселона не успеаја да ја надоместат.
Робинсон беше најдобар во редовите на Барселона со 20 поени, додека кај Жалгирис, Едвардс даде 19 поени и имаше и седум асистенции, а Валанчиунас имаше учинок од 12 поени и девет скокови.
До втор триумф во сезоната дојде и Бешикташ и тоа на гости, турскиот тим со 84:92 ја совлада Басконија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
