Брест Мешков се откажа од Чупиќ, но се уште го сака Дибиров

Иван Чупиќ нема да ја продолжи својата кариера во дресот на Брест Мешков, откако белорускиот првак реши да не испрати конкретна понуда за ангажман на десното крило на Вардар. Челниците на Брест покажаа првичен интерес за да го доведат Чупиќ во својот клуб, но на крајот решија да задржат поголем дел од постоечкиот ростер.

„Понуда до Чупиќ не е испратена, ниту пак такво нешто ќе се случи бидејќи Брест повеќе не е заинтересиран за Хрватот“ – јавуваат белоруските медиуми.

Поинаква е ситуацијата кога станува збор за Тимур Дибиров, чиј трансфер важи за еден од приоритетите на Брест Мешков. Потпишаниот нов договор со Разгор не ги промени плановите кога станува збор за ангажманот на Дибиров, со кого преговорите се очекува да бидат интензивирани по завршувањето на Ф4 турнирот во Келн.

Едно е јасно, интересот за ракометарите на Вардар ќе се зголемува како што ќе одминува времето, па затоа во интерес на сите е ситуацијата околу македонскиот првак час поскоро да биде разрешена, за да се задржи што поголем дел од тимот за наредната сезона.

Се вчитува...