Брестовац го објави поширокиот список, без Филип Лазаров против Исланд

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари против репрезентацијата на Исланд за пласман на ЕП 2020 година. Меѓу 28 имиња го нема Филип Лазаров, а и понатаму предводници се Кире Лазаров и Борко Ристовски. Брестовац им дава шанса и на младите сили, па вметнат е Марио Танкоски од Металург.

Првиот квалификациски натпревар ракометарите ќе го одиграат на 10.04.2019 (среда) против репрезентацијата на Исланд во Рејкјавик. Вториот натпревар против селекцијата на Исланд ќе се одигра во Скопје во СЦ „Борис Трајковски” на 14.04.2019 (недела), со почеток во 20 часот.

На списокот на Данило Брестовац се најдоа следните 28 ракометари.

Се вчитува...