Брестовац: Ќе направам „ремонт“, а „седум на шест“ треба да се укине…

Новиот селектор на македонската репрезентација, Данило Брестовац, е решен да ја прекине досегашната тактика „седум на шест“ како наше главно оружје во нападот на наредните натпревари.

„Јас сум голем противник на „7 на 6“, не дека не го користам, но не сакам тоа да бие главна татика. Сигурно дека некогаш би го користел ако сметам дека има можност во дел од мечот, но генерално гледано мој личен став е дека ова правило треба да се укине“ – дециден е Брестовац.

Воедно, тој додаде дека е подготвен за „ремонт“ во репрезентацијата, што ќе значи и посериозно вклучување во националниот тим на помладите ракометари.

„Ќе се обидам да поправам многу работи во репрезентацијата кои во некои неофицијални разговори сме ги разговарале со челниците на РФМ, но срамежливо сме доаѓале до заклучол дека е многу рано. Сепак, јас храбро би го направил тој чекор бидејќи сметам дека е дојдено вистинско време за такво нешто. Реално има момци кои заслужуваат минутажа, а не ја добивале досега. После ќе констатираме дали тие заслужуваат да бидат стандардни или не, додека некому не му дадеш шанса, никој не може да знае колку се спремни за таа улога. Во мак-ракометот тешко се доаѓа во ситуација да се замени некој, треба на овие две средби со Исланд да видиме со што располагаме. Јас верувам во момците, но и тие со својата волја и квалитет да покажат дека вредат да бидат дел од националниот тим. Ако ја искористат шансата супер, ако не – тогаш самите си ја затвориле вратата“ – порачува Данило Брестовац.

Се вчитува...