Брестовац сака убедлив триумф против Војводина за збогум

Металург утре против Војводина ја заокружува сезоната во СЕХА лигата. Новиот селектор Данило Брестовац посакува убедлива победа за збогување од ова натпреварување.

„Посакувам убедлива победа за крај. Војводина играше жестоко на првиот меч во Нови Сад, се надевам дека ќе одиграме на потребното ниво. И Шпенде почна со тренинзи, со него тимот има поинаков лик. Многу важно е овој Металург да продолжи во ваков стил, да им дава шанса на младите ракометари, затоа е важно и кој ќе дојде на моето место откако ќе заминам“, изјави Данило Брестовац.

Поради зголемена телесна тежина казна добил Димитар Димитриоски. Од последното мерење се здебелил дури пет килограми и најверојатно нема да биде дел од составот.

Се вчитува...