Брестовац: Среќен сум затоа што победивме со тимска игра

Стратегот на Металург, Данило Брестовац не го крие задоволството од победата на неговиот тим на гостувањето против Стеауа во Букурешт во СЕХА лигата.

„Металурзите“ стигнаа до третата победа сезонава во регионалното натпреварување благодарение на одличниот финиш…

„Многу сме среќни за оваа победа бидејќи победивме со тимска игра. Честитки до тимот на Стеауа за фер и коректниот пристап на средбата“ – вели Брестовац.

А, слично е размислувањето и на младиот Милан Лазаревски….

„Стеауа одигра многу добро, бараа решенија постојано во текот на играта но ние останавме фокусирани низ целиот тек на натпреварот и продолживме да се бориме и кога губевме. Така успеавме да стигнеме до победата“ – вели Лазаревски.

Се вчитува...