Брилијантниот Дончиќ за историја, Далас подобар од Хјустон (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ во победата на Далас над Хјустон постигна 41 поен, и беше блиску до трипл-дабл (девет скока и девет асистенции). Хјустон добри ги намачија Маверикс. „Рокетс“ на стартот од третата четвртина дојдоа и до предност, меѓутоа во последниот период Далас со серија од 14-4 се врати во водство, и потоа ја држеше до крајот.

Покрај брилијантната партија на Донќиќ, Ирвинг го следеше со 27 поени. За Хјустон одличен беше Шенгун со 31 поен.

Словенецот имаше партија за историја, затоа што мечот против Хјустон го заврши без загубена топка. Така стана прв играч со овој учинок после 40 години пауза. За Дончиќ ова е втор натпревар со над 40 поени и без загубена топка. Никој нема вакви параметри досега.

Ново неуспешно гостување за Торонто. После поразот во Кливленд, неславно минаа и кај Бруклин. Нетси победија со 115-103. Иако разликата е двоцифрена, натпреварот беше своевидна резултатска „нишалка“, со оглед дека неколку пати двата тима се менуваа во водство, но во последните минути домашниот тим успеа да се одлепи.

РЕЗУЛТАТИ:

Њујорк – Шарлот 115:91
Кливленд – Атланта 128:105
Бруклин – Торонто  115:103
Мајами – Милвоки 124:131
Бостон – Чикаго  124:97
Минесота – Оклахома 106:103

Се вчитува...