Британците и Австралијците ги минаа сите етички граници: Со пцовки и навреди на насловници против Ѓоковиќ (ФОТО)

Наспроти огромната желба за прокламирање на силните демократски вредности на кои се темелат нивните држави, Британците и Австралијците се чини ги минаа и етичките граници кога се работи за следењето на случајот со Новак Ѓоковиќ.

Интересно е како главните медиуми во Австралија и Велика Британија, кои од многу поодамна и пред актуелната пандемија не го криеја својот анимозитет кон најдобриот светски тенисер, сега со отворени навреди и пцовки на насловните страници се појавуваат кон Новак Ѓоковиќ, што е далеку од нивното очигледно само вербално прокламирање на демократските вредности.

Прв се огласи австралискиот „Вест Австралијан“ кој на насловната страница со фотографијата на Србинот носи и наслов: „сега, губи се другар“…., со јасно алудирање: „од..би другар“…

Не помалку жестоки беа и британските медиуми и новинари кои се појавија со наслови дека „Ѓоковиќ сега само го потврдил статусот на најголем идиот во светот.

„Лажовот, преварантот, антиваксерот Новак Ѓоковиќ го загуби спорот и сега нема право да се натпреварува на Австралија опен. Тоа е добро“ – напиша меѓу другото и еден од најпознатите британски ТВ-водители Пирс Морган.

 

Се вчитува...