БРОЈКИ, ФАКТИ И СТАТИСТИКА пред мечот Шкендија – Брегалница: Никогаш во Тетово не било 0:0

Во Тетово денеска во рамките од 14. коло во ПМФЛ, се среќаваат Шкендија и Брегалница. Неколку интересни податоци се врзуваат за овој меч, во кој се вели дека двата тима никогаш меѓусебно во Тетово не одиграале без голови.

Шкендија е далеку подобар ривал од Брегалница, особено на натпреварите во Тетово, во кои од 20 натпревари, Шкендија не триумфирала само на шест. Штипјани долго време чекаат победа од Тетово, а дали ќе ја прекинат таа лоша серија, останува да се види денеска нешто пред 15 часот.

Еве неколку интересни бројки, факти и статистика пред денешниот дуел:

  • Двата тима досега меѓу себе одиграле 45 натпревар, од кои 25 победи има Шкендија, 11 победи има Брегалница, а девет меча завршиле нерешено. Гол разликата е 80:48 во корист на тетовскиот тим
  • Во Тетово, од 20 меча, Брегалница само шест пати останала непоразена – четири победи и две „ремија“
  • Последен пат Брегалница славела во Тетово над Шкендија во 2014 година, а штипјани немаат триумф на последните 12 меѓусебни натпревари
  • На сите последни четири меѓусебни натпревари имало над три гола, а на последните девет натпревари секогаш паѓале над два гола. Последен пат овие два тима меѓусебно без голови одиграле во 2015 година
  • Никогаш овие две екипи во Тетово не одиграле меѓусебен натпревар кој завршил со почетниот резултат 0:0
  • На последните седум натпревари во Првата лига, Шкендија секогаш постигнувала барем по еден гол
  • Брегалница ретко кога успевала да ја сочува мрежата во дуелите против Шкендија. На последните меѓусебни девет натпревари, Шкендија постигнува барем по еден гол во дуелите против штипјани
  • И двете екипи во последните пет меча имаат само по еден пораз. Брегалница е нешто во подобра форма, со оглед дека има четири победи. Шкендија, пак, во последните пет меча има три победи, едно реми и еден пораз
  • Дури седум пати екипата на Шкендија успевала да ја сочува мрежата нечепната, додека на Брегалница тоа и успеало пет пати
  • Двете екипи се најефикасни во последните 15 минути од натпреварите. Тогаш постигнале дури 33,3% од головите. Најмалку голови Шкендија постигнува во периодот од 45 до 60 минута, само 4,8%, додека Брегалница е најнеефикасна во последните 15 минути од првите полувремиња
  • Шкендија сезонава има два порази, и двата се со резултат 1:2. Штипјани најубедливиот пораз го имаат од Шкупи 5:0 Највисоката победа на тетовци во Првата лига сезонава е со резултат 4:0 против Македонија ЃП, додека Брегалница најубедливиот триумф го има против Пелистер од 3:0 и Македонија ЃП 4:1
  • Шкендија само на два натпревари не постигнала гол сезонава, додека Брегалница на четири меча не успевала да го најде патот до мрежата
  • Тетовскиот тим има само еден пораз на домашен терен сезонава, и има примено само три гола. Пред натпреварот со Тиквеш кој заврши 1:1, Шкендија дома немаше примено гол на пет меча едно по друго во сите натпреварувања

Се вчитува...