БРОЈКИ И ФАКТИ ПРЕД ДЕРБИТО ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА: На Чаир тешко се освојуваат бодови, но штипјани се во победничка серија

Шкупи ја дочекува Брегалница во првиот натпревар од 12. коло во Првата македонска лига. Во пресрет на натпреварот, има една интересна статистичка бројка која вели дека Шкупи како домаќин нема пораз од Брегалница, но севкупно има помал број на победи од штипјани во сите натпревари.

Ова се фактите и бројките пред денешниот натпревар:

  • 11 натпревари одиграле овие два тима досега, Шкупи интересно,  има помалку победи од штипјани – само три, четири победи има Брегалница, и четири меча завршиле нерешено
  • Кога играат двата тима, паѓаат мал број на голови. Вкупно во нивните 11 меча паднале 21 гол, девет постигнале чаирчани, 12 штипјани
  • На Чаир или поточно Шкупи како домаќин со Брегалница има две победи, три ремија и ниту еден пораз. Гол разликата е 7:3 во корист на „гулабите“
  • На последните три меча гостите не постигнале ниту еден гол, а на последнит ешест дуели гостинскиот тим само еднаш успеал да погоди во домашна мрежа
  • Овие два тима ќе се сретнат на Чаир првпат после четири и пол години. Последниот дуел тука го одиграле во 2017 година
  • Брегалница е во серија од пет победи по ред, вклучувајќи го и Купот, додека Шкупи има седум победи по ред, вклучувајќи го и Купот
  • Во сите пет меча одиграни на домашен терен во првенството, Шкупи има пет победи, и примено само два гола, а дадени 13 гола
  •  Ова ќе биде дуел и на Адетунџи – Алтипармаковски. Двајцата имаат заедно постигнато 13 гола, односно Адетунџи од Шкупи 6 гола, додека играчот на Брегалница Алтипармаковски има седум
  • Голови на овој меч може да очекуваме во вториот дел, со оглед дека тогаш паѓале најмногу голови на натпреварите кои ги играле двете екипи сезонава.  Шкупи сезонава најмногу голови дала во периодот од 45 до 60 минута, додека Брегалница од 75 до 90 минута. Најмалку голови двата тима даваат во периодот од 30 до 45 минута
  • Никогаш во дуелите меѓу овие два меча не паднале повеќе од четири гола. Во 2016 година било најефикасно, кога двата тима на Чаир одиграа 2:2
  • Шкупи сезонава од 11 меча, има седум „чисти“ мрежи, додека Брегалница има пет натпревари во кои нема примено ниту еден гол. Шкупи на два меча не успеале да ја погодат противничката мрежа, додека штипјани на три натпревари не успеале да постигнат ниту еден гол
  • Поради пет жолти картони, Шкупи на овој меч нема да смета на Блертон Шеји, додека Брегалница нема такви проблеми

Се вчитува...