Бројки и статистика пред тетовското дерби: Шкендија далеку подобра, само повремени „блицови“ на Ренова

Денеска на програмата е тетовското дерби, дуелот помеѓу Ренова и Шкендија. Обично во последните неколку сезони сме навикнати да ја гледаме екипата на Шкендија пред Ренова на табелата, меѓутоа „гипсарите“ играат одлично досега, и моментално се второпласирани на табелата. Шкендија, пак, е на петото место, со четири бода заостанување зад „соседот“.

За избраниците на Ќатип Османи, ова можеби е последна шанса да фатат приклучок кон врвот.

Еве неколку интересни статистички бројки и факти пред нивниот меѓусебен дуел:

  • Овие два тима одиграле досега 51 натпревар во сите конкуренции, од кои 27 победи има Шкендија, само 11 Ренова и 13 меча завршиле нерешено
  • Шкендија во дуелите со Ренова постигнала двојно повеќе голови. „Црвено-црните“ имаат постигнато 107, а Ренова само 50 голови
  • Двата тима се во иста форма на последните пет меча. И Ренова и Шкенидја имаат по две победи, две нерешени и по еден пораз
  • Ренова минатото коло против Скопје, за првпат сезонава не успеа да постигне гол на еден првенствен натпревар
  • Победата на Ренова над Шкендија сезонава во првиот меч, беше прв триумф на „гипсарите“ по пауза од пет натпревари
  • Шкендија на 20 октомври годинава, во Купот ја совлада Ренова убедливо со 5:0
  • Ќатип Османи, тренерот на Ренова, има освоено три титули со тимот на Шкендија во првенството
  • Шкендија во досегашниот тек на првенството има шест чисти мрежи, додека Ренова има една помалку
  • Ренова најмалку голови реализира во првите 15 минути (5,3%) додека Шкендија ретко дава голови од 15 до 30 и од 45 до 60 минута (само 5%)
  • Како домаќин, Ренова нема пораз на последните девет меча. Последен пат загубила во април оваа година и тоа од Шкендија
  • На последните осум меча во сите натпреварувања, Шкендија постигнува барем по еден гол. Последен пат не успеала да даде гол против Шкупи на домашен терен кога играше без голови
  • Ремзифаик Селмани со осум, и Љупче Дориев со шест, се најефикасните играчи на двете екипи

Се вчитува...