Бројки од кои боли глава: Дончиќ ќе потпише нов договор по неверојатни услови

Лука Дончиќ игра уште една неверојатна сезона во НБА-лигата, откако суперѕвездата на Далас успеа да урне неколку рекорди со извонредните изданија во дресот на маверис.

Тој е под договор со својот тим до крајот на сезоната 2025/26, не ја крие желбата да остане во Далас и да стане клупска легенда како Дирк Новицки, но управата на клубот ќе мора да издвои богатство ако сака да го задржи големиот ас во своите редови.

Информациите од САД велат дека Дончиќ следното лето (2025) ќе потпише неверојатен договор вреден над 350 милиони долари. Согласно колективниот договор, Словенецот со изборот во првата петорка на сезоната на НБА-лигата ќе влезе во групата на самата елита на најсилната лига на светот, што му овозможува да добие максимален можен договор. Лука беше дел од најдобрата петорка во 2023, а ако тоа биде случај и во 2024 (што апсолутно се очекува), границата за максимален договор ќе скокне на неверојатни 367 милиони долари.

Станува збор за вкупна сума за петгодишен договор и просечна плата од 73,4 милиони долари по сезона, што е значително зголемување во однос на сегашната плата, ако се знае дека Дончиќ за оваа сезона ќе заработи над 41 милиони долари.

Дончиќ има загарантиран договор до јуни 2025, по што ќе може да реши дали да остане во последната година од договорот со Далас, или пак да потпише нов далеку побогат „дил“ со сегашниот, или пак со некој друг клуб што ќе биде подготвен да плати богатство за да го доведе Словенецот во своите редови.

Се вчитува...