Бројките не лажат: Бензема е најдобар фудбалер на светот?

Во фудбалскиот свет секогаш ќе постојат бројни несогласувања околу едно вечно прашање – Кој е најдобриот фудбалер на светот?. Сосема е сигурно дека Кристијано Роналдо и Лионел Меси ја заслужија оваа титула во модерното време, но во моментов ситуацијата е изменета, барем така вели статистиката на угледниот „Скај Спорт“.

Имено, „Скај“ го рангираше Карим Бензема на првото место на моменталната лсита на најдобри фудбалери во светот. Французинот се наоѓа на оваа позиција со 22.881 бод пред второпласираниот Салах, кој има 20.640 бодови, додека трет е Халанд со 19.164 бодови.

Кристијано Роналдо и Лионел Меси не се ниту во првите 20. Неспорно е дека Бензема оваа сезона има одличен учинок од 10 гола, од кои девет во Ла Лига и седум асистенции на 10 настапи за „кралевите“.

Списокот на оваа ранг листа можете да го видите подолу.

 

 

 

 

 

Се вчитува...