Одличен старт на новиот олимписки циклус за нашата олимписка стипендистка Мила Рељиќ, која освои бронзен медал на Европскиот Президент Г-3 Куп во Нирнберг, Германија.
По пет одлични борби, Мила уште еднаш покажа дека припаѓа на самиот европски врв во својата категорија. На патот до медалот забележа и значајна победа над олимпијката Чаима Тоуми, додека во полуфиналето беше запрена од актуелната олимписка шампионка Вивијана Мартон од Унгарија.
Со почетокот на новиот олимписки циклус на 1 јуни 2026 година, освоениот медал носи и важни поени за олимписката ранг-листа, што претставува значаен чекор кон остварување на олимписките цели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
