„Бронзата“ во Будимпешта за Кристијанштад

Норвешкиот првак Вајперс Кристијанштад го освои третото место на фајналфор турнирот во Будимпешта откако во денешното мало финале славеше над Мец со 31-30. Дуелот на двата дебитанти на Ф4 турнирите мина во фантастична битка и бројни пресврти, за на крајот подобро да се снајдат Норвежанките, кои ќе се вратат дома со бронзени одличја.

Ракометарките на Мец имаат за што да жалат бидејќи во второто полувреме водеа со 20-16, потоа имаа и 23-20, но Кристијанштад израмни на 23-23 и потоа направи целосен пресврт.

Суланд со десет гола беше најзаслужна за победата на норвешкиот состав, додека во таборот на Мец најефикасни беа Смитс и Заади со по пет погодоци.

Се вчитува...