Брозовиќ е приоритет за Пари Сен Жермен

Марсело Брозовиќ е ставен на трансфер листата во Интер поради неколкуте инциденти кои сезонава ги имаше надвор од терените. Поради тоа тој ќе го напушти клубот летово, а најголем фаворит за неговиот потпис е европскиот вицешампион Пари Сен Жермен, пренесуваат француските медиуми.

„Нероаѕурите“ работат на доведување на нови фудбалери во средниот ред како што се Сандро Тонали и Артуро Видал. Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, го посакува Хрватот во своите редови како би можел да ја засили едиствената позиција во екипата која не е пополнета.

Сезонава најчесто во средниот ред мораше да покрива Маркињос, фудбалер кој природно е дефанзивец.

Се вчитува...