Бруклин повторно поведе во серијата против Милвоки (ВИДЕО)

Бруклин Нетс повторно поведе во серијата против Милвоки Бакс (3-2), откако во петтиот натпревар од полуфиналето на Истокот на домашен терен славеше со 114-108.

Кевин Дурант беше најзаслужен за триумфот на Нетс, откако натпреварот го заврши со трипл-дабл учинок од 49 поени, 17 скока и 10 асистенции.

Кај поразените Јанис Адетокумбо заврши со 34 поени и 12 асистенции.

Се вчитува...