Бруно навреден: Јунајтед сакаше да ме продаде, да ме смени како стар мебел

Бруно Фернандеш одигра уште еден одличен меч во дресот на Манчестер јунајтед, португалскиот ас а епсолутен лидер и во новата сезона, но не го крие разочарувањето што не е доволно почитуван – пред се поради слабите резултати на „црвените ѓаволи“ во последните сезони.

„Кога не освојуваш трофеи, не те ценат толку, тоа нема врска со клубот или со лигата, едноставно е така. Знам од кого треба да бидам ценет, тоа мора да биде од мојот клуб, но во последно време се чувствувам како да сум на тенок лед. Во Англија, штом наполниш 30 години размислуваат како да те продадат, да те сменат како да си стар мебел“, разочаран е Фернандеш.

Тој во последните 12 месеци одби две пребоати понуди од Саудиска Арабија, но го боли што чувствува дека го разочарал клубот што решил да остане, наместо да биде продаден за богата сума.

„Лојалноста веќе не се цени како порано. Можев да одам, да заработам многу повеќе пари. Јас и вака сум задоволен од парите што ги земам, но во Ал Хилал понудата за плата беше далеку повисока. Јас решив да покажам лојалност, да останам, но чувствував дека ставот на клубот беше „ако си заминеш, тоа и нема да биде така лошо за нас“. Не ми го кажаа директно, но го чувствував во нивните разговори и искрено ме направи могу тажен. Знам дека секогаш сум бил тука, сум давал се за Јунајтед, сум одбивал многу повеќе пари и гледаш како те третираат, не може а да не си тажен. Мислам дека ги разочарав кога решив да ја одбијам понудата од Ал Хилал, што секако не е нормално“, истакнува Бруно.

Се вчитува...