Бруно: Зборував со Кристијано и му кажав дека…

Португалија утре ќе се сретне со Норвешка во новата рунда од Лигата на Нации, но интересот на јавноста не се однесува на самиот натпревар, туку на случувањата околу Кристијано Роналдо.

На денешната прес-конференција се појави Бруно Гимараеш, кој откри дека имал разговор со Кристијано по неговото напуштање на националниот тим.

„Имаме ситуација која нема никаква врска со нас фудбалерите, затоа мораме да останеме фокусирани, секој да даде свој придонес за да стигнеме до резултатите што ги посакуваме. Што се однесува до Роналдо, зборував со него и јасно му кажав ова што ќе го кажам и денеска – без разлика што се случи, Кристијано никогаш нема да престане да биде најголемиот симбол на нашата репрезентација, нашиот фудбал и нашата земја. За она што го направи не само во Португалија туку и низ целиот свет“, истакна Фернандеш, па продолжи…

„Тој има резервирано место не само меѓу најдобрит ена сите времиња, туку и свое место во срцата на португалскиот народ. Најважно е да престанеме со поделби, можам да кажам дека не постои поделба во репрезентацијата, таа е една и единствена и ќе остане таква“, порача Бруно Фернандеш.

Се вчитува...