Брутално убиени италијанскиот судија Де Сантис и неговата девојка

Италијанската спортска јавност е шокирана по бруталното убиство на фудбалскиот судија Даниеле де Сантис и неговата девојка.

Де Сантис заедно со девојката се убиени во нивниот стан во Лече, избодени до смрт од непознат сторител по кој полицијата се уште трага. Според полициски информации, соседите го забележале убиецот како се оддалечува од местото на злосторството откако претходно ги разбудила силна врева.

Де Сантис, судија и со меѓународен знак, главно ги делеше натпреварите од Серија Б и од Серија Ц во италијанскиот фудбал.

Се вчитува...