Буџетот на Реал Мадрид за речиси 650 милиони евра повисок од оној на Барселона (ФОТО)

Реал Мадрид е клубот со најголем буџет во Ла Лига, пренесуваат шпанските медиуми. „Кралскиот клуб“ на располагање за сезоната 2021/22 има 739.16 милиони евра што е за 270.64 милиони евра повеќе во однос на претходанта сезона и покрај пандемијата на коронавирус и градењето на новиот „Сантијаго Бернабеу“.

Зад Реал следат Силвија со 200.39 милиони евра буџет, Атлетико Мадрид со 171.6 милиони евра, Вилјареал со 159.29 милиони евра, Реал Сосиедад со 127.7 милиони евра и Атлетик Билбао со 111.81 милиони евра.

Интересно, сите овие клубови се пред Барселона која за новата сезона бележи огромна загуба. Имено, буџетот на каталонците изнесува 97.94 милиони евра, што е за 284.77 милиони евра помалку од претходната сезона.

Во првите десет екипи се уште Еспанјол со буџет од 77.87 милиони евра, Бетис со 70.86 милиони евра и Селта со 65.53 милиони евра.

Се вчитува...