Будуќност избра тренер за следната сезона

Слободан Суботиќ е изборот на раководството на Будуќност за нов тренер на оваа екипа. Финалистот на АБА-лигата веднаш по поразот од Црвена Звезда се раздели од Јасмин Репеша, а во изминатите два месеци беше водена интензивна потрага по тренер за наредната сезона.

Фаворит во трката беше Александар Петровиќ, но поранешниот хрватски селектор на крајот не се договори со црногорскиот првак, за на крајот изборот да падне на Суботиќ. Станува збор за 62-годишен стратег роден во Херцег Нови, кој во кариерата има работено во АЕК, Панатинаикс, Олимпијакос, Арис и ПАОК. Воедно, тој имаше ангажман и како селектор на Словенија, но и како тренер на Цедевита и на Цибона.

Последна функција што Суботиќ ја извршуваше беше селектор на Либан, од каде си замина откако не успеа да обезбеди пласман на СП 2019 во Кина.

Се вчитува...