Будуќност веднаш најде замена за Џикиќ

Само неколку часа по официјалната разделба од Александар Џикиќ, раководните луѓе на Будуќност го избраа и стратегот што ќе го наследи поранешниот македонски селектор на клупата на овој евролигаш. Станува збор за Јасмин Репеша, трофејниот хрватски стручњак кој во текот на следната седмица би требало да ја има и својата официјална промоција во Подгорица.

Репеша во изјава за хрватските медиуми потврди дека преговорите меѓу него и Будуќност се во завршна фаза.

„Рано е за честитки, сигурно нема да го водам Будуќност утре против Црвена звезда. Преговорите се во тек, и кај двете страни постои интерес, блиску сме до договор. Сепак, повеќе детали ќе можам да кажам откако целосно ќе се договориме“ – изјави Репеша за „Спортклуб“.

Се вчитува...